МакедонијаТоп

Ахмети отвори музеј на УЧК сред Македонија, Албанците станаа господари

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети викендов отвори музеј на УЧК во кумановското село Сопот, каде е изложена и карта на Голема Албанија. Изложени се и фотографии на команданти на УЧК од Косово како што е основачот Адем Јашари, како и ликови од воениот конфликт во Македонија како Исмет Јашари, но и фотографиите од поранешниот командант на УЧК, Али Ахмети, пренесува Антропол.мк.

Ахмети во обраќањето рекол дека Албанците се господари во Македонија и дека се државотворци.

– Кога ја почнавме активноста, ја почнавме за да ја направиме Албанија, да нема граница, но политиките се сменија и избравме прагматизам, а не фанатизам. Ние избравме Албанците во Македонија да бидат државотворци, да бидат господари во оваа земја и да се залагаат во сопствената држава, а ова знаме денес е официјално и неприкосновено. Еве ја крвта на стотици војници, патриоти и Албанци. Албанскиот јазик е официјален и неприкосновен, изјавил Ахмети.

Во Куманово многумина се сомневаат дека општината и градоначалникот Максим Димитриевски не знаеле за изградбата на ваков објект, затоа што нелегално да се гради музеј и никој тоа да не го забележи е невозможно. Засега нема официјална реакција до Министерството за култура, по што останува прашањето, дали државата ќе голтне уште една националистичка провокација на ДУИ, која што го нарушува соживотот и го презентира нездравиот национализам презентиран од претставниците на албанските политички партии, пишува Антропол.мк.

Поврзани вести

Back to top button