Агент со дрон ја снимал вилата на Иванов
Агент на словенечката безбедносна служба (ОВС) во април минатата година бил уапсен во Македонија. Тој со дрон ја снимал претседателската вила во Охрид. Словенецот претставил како агент на разузнавачката служба на Словенија, а прикажал и легитимација дека е службеник на НАТО.
Тој на полицијата ѝ рекол дека е од мисијата на НАТО во Наполи и дека во Македонија е приватно. За дронот изјавил дека е лично негов и дека си играл со неговиот син.
Македонската полиција го привела, му го одземала дронот, го осомничила за шпионажа и го информирала Министерството на надворешни работи на Словенија. Словеначкото Министерство за одбрана потоа ги контактирала македонските власти по што Словенецот ги добил назад документите и дронот и бил ослободен со казна од 500 евра. Словенечкото Министерство за одбрана информира дека нивниот граѓанин не бил на никаква тајна мисија во Македонија.