Македонија
Адеми: Се укинува државната матура, училишната матура и завршниот испит
„Учениците од основните и средните училишта не се враќаат во училишните клупи до крајот на наставната година, а тековната учебна година до крај ќе продолжи да се реализира преку организирање на далечинско учење, односно учење од дома. Уписот на првачињата за учебната 2020/2021 година ќе се врши во јуни, а исто така се уредуваат и уписите на високообразовните установи“, посочува Адеми.
Деталите за овие мерки, кои се дел од мерките за справување со Ковид-19, тој ќе ги соопшти на прес-конференцијата која што е во тек.