МакедонијаТоп
Адеми од Судски совет 9 години користи службено „ауди“ иако не му следува
Доскорешниот потпретседател на Судскиот совет Селим Адеми 9 години го користи службеното „ауди“, иако само претседателот има право на службено возило, потврди претседателот на Судскиот совет Сашко Георгиев на прашање од „Сакам да кажам“.
Адеми, кој е од Тетово, повеќе години беше на потпретседателското место во Судскиот совет и иако не му следува службена кола, тој уште ја користи без прекин.
Георгиев за порталот потврди и дека годишната регистрација на возилото е на сметка на Судскиот совет.