Живот
Абрамович отплатил долг на Достоевски од 240.000 евра, стар 150 години
Познато е дека Фјодор Михаилович Достоевски бил страстен комарџија, а напишал и роман со наслов „Kоцкар”.
Еден дел од животот, Достоевски живеел и работел во Германија, во градот Визбаден, а посетата на казино бил негов секојдневен ритуал.
Во ова казино кружела приказната дека Достоевски им должи 240.000 денешни евра. До 2013 година, стоела таблата:
„Во ова казино, Достоевски остана должен толку и толку …”
Сепак, на сопственикот на споменатото казино му се јавил газдата на Челси, Роман Абрамович, и галантно го “регулирал” целиот долг, објаснувајќи со следните зборови:
“Достоевски никому не останал должен. Симнете ја таа срамна табла.”