Ова се лицата на бездушните хулигани кои го запалиле бездомникот за Божиќ
Берлинската полиција објавила дека седум мажи се осомничени дека го запалиле бездомникот на метро станицата.
Органите за ред во германската престолнина го третираат овој случај како обид за убиство, а во медиумите се објавени фотографии од осомничените кои ги снимиле безбедносните камери.
Седум момчиња го запалиле бездомникот за Божиќ, во неделата, два часа по полноќ на станицата Шонлаинтштрасе.
За среќа по жртвата, минувачите брзо реагирале и брзо го изгасиле огнот, па бездомникот, освен што се наголтал чад, минал без посериозни повреди.
“Момчињата се осомничени дека запалиле оган, а нивната акција ја сметаме за обид за убиство. Потрагата по напаѓачите е во тек”, соопштила полицијата.
Властите во Берлин традиционално во текот на зимата им дозволуваат на бездомниците да преспијат во метро станиците.
Ова е втор посериозен инцидент во берлинското метро за само две седмици, откако јавноста била шокирана од снимка од напад на жена.