Живот

Јелена Ѓоковиќ одговори на гласините дека сопругот ѝ е неверен

По испаѓањето од Вимблдон, италијанските медиуми изминатите денови наголемо пишуваа дека бракот на Јелена и Новак Ѓоковиќ е во криза, дури и дотаму што двојката е пред развод.

Иако тие делуваат како една од најскладните славни двојки, тенисерот, по поразот во Лондон, спомнал дека има семејни проблеми и дека секој во животот наидува на многубројни предизвици. Се зборувало и дека Новак не ѝ одолеал на заводливоста на индиската актерка Дипика Падукон и дека поради сето тоа Јелена веќе ги одвоила нивните банкарски сметки. За сето ова Јелена решила да молчи, сè до пред некој ден, кога на социјалните мрежи објавила фотографија од неа и Новак во страсна прегратка, во текот на една забава со пријателите.

Таа на суптилен начин им покажала на сите дека со нивниот брак сè е во ред. Двојката се венча во летото 2014 година, а веќе есента истата година добија син.

jelena1

Поврзани вести

Види и...
Close
Back to top button