Оваа е првата жена педофил на Балканот: Ужасни детали за нејзиното силување на девојче
Педофилката кон девојчето кое има само 12 години и се наоѓало на прагот на созревањето се поставила како вистинска љубовна партнерка.
Маргита Чаиќ (46) од Обреновац е првата жена педофил која во Србија е осудена на затворска казна поради недозволени полови дејства и злоставување на малолетно девојче (12), дознава српски Курир.
Дека појавата на педофилија во Србија не е евидентирана само меѓу мажите, потврдува и случајот што пред неколку години ја потресе населбата Звечка во Обреновац.
Манипулација
Првата жена педофил во Србија е осудена со правослилна одлука која е објавена таа година и во судскиот билтен токму поради специфичноста на самото обвинение, но и доказната постапка, која на крајот резултирала со изрекување затворска казна.
Имено, некогашниот Општински суд во Обреновац утврди дека Маргита Чаиќ (46) од село Звечка сторила кривично дело недозволени половни дејства зошто во повеќе наврати сексуално злоставувало девојче (12). Приказната на која ниту искусните полицајци и судии не останале рамнодушни започнала во 2004 година во семејната куќа на злоставуваното девојче, во која осудената педофилка секојденвно доаѓала, вешто играјќи ја улогата на најдобра пријателка на мајка и.
Довербата која ја уживала во куќата на својата жртва, Чаиќ, како и сите педофили почнала да ја искористува пред се со зачестени посети на девојчето, во моменти кога била сама дома. Со вешта вербална манипулација, педофилката набрзо ја поминала границата и кон малолетното девојче се поставила како љубовна партнерка. Обвинението, а подоцна и пресудата до детали ги опишува гнасните дејства кое девојчето ги трпело, од галење и љубење до допирање на интимните делови и пенетрација со прсти. Колку била вешта во своите изопачености и манипулации потврдува и тоа дека детето подолго време не им кажало на родителите што преживува.
Попуштила на училиште
Родителите по извесно време забележале дека нешто се случува со ќерката, впечаток што го добиле и наставиците по нејзиното нагло попуштање на училиште. По неколку долги разговори девојчето им признало на родителите дека Чаиќ ја злоставува, а шокираните родители веднаш пријавиле во полиција. По апсењето Чаиќ го признала злостроството, тврдејќи дека се било на доброволна база и дека тие двете биле партнерки во љубовна врска. Како и денеска, законот го казнува односот со лица помали од 14 години, поради што истиот момент во случајот се вклучил и јавниот обвините. Педофилката по обемната истрага е изведена пред судија и тогаш тврдела дека е во врска со девојчето.
Шок во судницата
Во текот на постапката сослушана е и малолетната жртва, која на зачуденост на сите, рекла дека со Чаиќ е во љубовна врска и дека односот кој го имала со неа бил на доброволна база. Судијата ваквите искази не можел да ги проголта како забранета љубов што не познава години, туку во образложените на осудителната пресуда ја навел клучната работа:
-Виновна е зошто како пресметливо возрасно лица ја искористила младоста и малолетноста на својата жртва, наведува судијата и ја осудува Чаиќ на затвор, што по жалбената постапка е потврдено и од повисоки судски инстанци.
Се криела од новинарите
И покрај повеќето обиди, новинарите не стигнале до осудената. Таа своевремено вешто се криела од новинарите кои со денови ја барале во селата Звечка и Ушче како и во Обреновац каде било нејзиното последно престојувалиште.