Македонија
Оглас за вработување осум стручни лица за помош на деца со инвалидитет во Општина Аеродром
Општина Аеродром објави оглас за вработување осум стручни лица со професија дефектолог, психолог и педагог, кои ќе бидат ангажирани за помош на деца со инвалидитет.
Станува збор за проектот „Унапредување на воспитно-образовниот процес и секојдневната грижа на децата со пречки во развојот во училиштата во Општина Аеродром“ во организација на Општина Аеродром, Агенцијата за вработување и УНДП.
Општината соопшти дека лицата што ќе бидат избрани на конкурсот ќе бидат работно ангажирани со скратено работно време од 20 работни часови неделно за период од 6 месеци.