Македонија
Претпладне сончево, попладне невреме
Времето во Македонија претпладне ќе биде сончево со умерена облачност, а во пладневните и попладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има услови за појава на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и појава на град. УВ-индексот ќе изнесува 8.
Температурата ќе се движи од 24 до 36 степени.
Во Скопје претпладне ќе биде сончево со умерена облачност, а попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Температурата ќе достигне до 32 степени.
Во среда ќе дува умерен до засилен северен ветер и ќе има услови за ретка појава на краткотраен дожд. Потоа времето ќе биде стабилно и потопло.