Сифилис и гонореја кај Македонци кои практикувале секс без заштита!
Минатата година петмина Македонци биле заразени со гонореја (сексуално пренослива болест). Најголем број заболени и тоа 11 во една година имало во 2008. Овие податоци се содржани во годишниот извештај на ИЈЗ, пишува здравство24.мк.
Гонорејата претставува сексуално пренослива болест која е честа појава, пред се кај луѓето кои практикуваат секс без заштита од било каков тип. Болеста е причинета од бактеријата Neisseria gonorrhoeae a според медицинарите поволно место за опстојување на вирусот се топлите, влажните делови од телото, вклучувајки го и проводот за урината. Кај жените бактеријата може да опстојува во репродуктивниот тракт (јајцеводите,матката и грлото на матката).
Најчест начин за пренесување е преку незаштитен сексуален однос од било кој тип. Најчесто симптоми кај машката популација се:
- печење и болка при уринирање
- зачестено уринирање
- исцедок од полов орган(бела,жолтеникава или зеленикава боја)
- црвенило на отворот на пенисот
- отекување на тестисите
Кај жените најчести симптоми се:
- зголемено и почесто уринирање
- болка и печење при уринирање
- запаление на грло
- болка при сексуален однос
- вагинален исцедок
- можна појава на треска
- болки во долниот дел на абдоменот
Сифилис
Во 2015 година пријавен е само еден случај на сифилис, исто како и претходната година. Во десетгодишниот период од 2005-2014, заболувањето се регистрира со поединечни случаи. Најголем број на заболени лица се регистрирани во 2010 година.
Сифилис е сексуално пренослива болест која е предизвикана од бактеријата спирохета. Ако не се лечи може да предизвика сериозно оштетување на нервниот систем, срцето или мозокот и на крај да предизвика дури и смрт.
Како се пренесува?
Со незаштитен секс, заедничка употреба на секс играчки, или директен контакт со лице инфицирано кое по кожата има отворени ранички или осип од сифилис.
Хламидијаза
Во 2015 година најголем дел од СПИ отпаѓаат на инфекции предизвикани од хламидија. Заболувањето во 2015 година е регистрирано со 264 случаи и инциденца од 12,8 на 100.000 жители, што е значително намалување (-56,5%) во споредба со 2014 година кога се регистрираа 607 случаи и инциденца од 29,4 на 100.000 жители.