Живот

Ме нервира што Филип го нарекуваат мој посинок и дека децата ми се алкоси!

Лепа Брена, која важи за жена на која во преден план и е семејството, во едно неодамнешно интервју открила дека многу и пречи кога Филип, синот на нејзиниот сопруг од првиот брак, го нарекуваат “посинок на Лепа Брена”.

Открила дека Филип никогаш не го делела од своите биолошки синови, но и никогаш не сакала да ја замени неговата мајка со тоа што го нарекувала сине.

-Филип е момче од триесет години и потполно ја разбира целата ситуација. Имаме прекрасен однос. Никогаш не сум сакала да ја заменам неговата вистинска мајка. Но навистина сум го третирала како мој син, така и го нарекувам. Секогаш сум му била вистински пријател и тој се ќе сфати кога ќе добие свои деца”, рекла Брена и додала дека не треба да го претставуваат како нејзин посинок, туку како нормален човек со професија.

Фолкерката рекла и дека нејзините деца не треба да се претставуваат како бесни и невоспитани само затоа што се деца на познати родители.

-Со Боба сме сериозни родители. На некои можеби им одговара нашите синови да се алкоси, дека живеат само за забава, но не е така. Тоа е надвор од умот”, рекла Брена.

Поврзани вести

Види и...
Close
Back to top button