Свет

Турски наставник осуден на 508 години затвор за злоставување деца

Судот во Турција го осуди денеска на 508 години затвор еден наставник поради сексуално злоставување на десет момчиња во два дома, јави Анадолија.

Наставникот е осуден на 508 години и три месеци затвор на првото рочиште во случајот кој ја потресе целата земја и доведе до обвиненија за прикривање.

Мажот М.Б. (54) е осуден поради злоставување момчиња на возраст меѓу 10 и 12 години, во домови од кои со едниот раководи фондација блиска на владејачката партија во Турција.

Судењето е одржано зад затворени врати.

Поврзани вести

Back to top button