Живот

ФОТО: Уапсен бизнисмен од албанско-хрватско потекло, еден од најомразените луѓе во светот

Шкрељи, кој има албанско-хрватско потекло, приведен е поради испитување за измама во друга компанија, со која претходно раководел.

martinshreli-apsenje

Поранешниот директор на фармацевтската компанија „Ретрофин“ (Retrophin Inc), Мартин Шкрељи, кој во септември предизвика скандал поради зголемување на цената на лек за пациентите заразени со ХИВ вирусот, денеска е уапсен под обвинение за измама, соопшти ФБИ.

Неговото апсење не е поврзано со зголемување на цената на лекот „Дараприм“ за повеќе од 5.000 отсто, медикамент кој се користи за лекување на маларија и инфекции од кои страдаат ХИВ позитивните лица.

martin-shreli

 

Шкрељи, 32-годишен поранеше менаџер на Хеџ фонд, стана познат откако неговата фирма „Турингов фармасјутикалс“ ја зголеми цената на „Дараприм“ од 13,50 долари по таблета на 750 долари, што наиде на остра осуда меѓу американските политичари.

Во обвинението се наведува дека Шкрељи, заедно со уште неколку лица, во периодот од септември 2009 до 2014 година, вмешан е во три меѓусебно поврзани измами. Тие на измама ги убедувале инвеститорите да вложат пари во два одвоени фонда и незаконски го присвоиле имотот на компанијата „Ретрофин“ за да ги покријат личните и професионални долгови на Шкрељи.

Уапсен е и адвокатот Еван Гребел, кој е надворешен советник на „Ретрофин“.

Поврзани вести

Види и...
Close
Back to top button