Здружението Христијанско братство ќе гради Христијанска камена кула во срцето на Шар Планина на чиј врв ќе постават шест метарски светлосен крст.
„ Чест ние да Ве информираме дека, ХРИСТИЈАНСКО БРАТСТВО започна со изградба на Христијанска Камена Кула, и на чиј врв ќе биде поставен светлосен КРСТ со димензии 6х4 метри во срцето на Полог, под Шара и Сува Гора. Целта Ние, сите заедно и сплотени да изградиме Христијанска Камена Кула и Светиот КРСТ да биде темелник чувар на нашата ВЕРА во тетовско и пошироко!“ – стои во писмото испратено од братството
Светата Христијанска Камена Кула се гради на влезот во Општина Брвеница, Тетово на многу прегледно и достапно место
„Целта е да се приберат финансиски и материјални добра, за да може истата Кула да ја завршиме и со Господ здравје ако имаме време и средства истата на Велигден ја осветиме. За слики и како се движи градбата и која е политиката на Христијанско Братство можете слободно да ја посетите страната на Hristijansko Bratstvo. Однапред Ви благодариме и нема да ја заборавиме Вашата добрина !“ – велат од здружението
Средствата може да се уплатат на Жиро сметка: 300110000103481 во Комерцијална Банка АД Скопје
Лице за контакт: М-р. Грозданоски Жарко