Духот на мртвото дете со балони ја тешело несреќната мајка
На бдеењето на седмгодишното дете малиот бел ковчег бил опкружен со бели балони од кои еден се одвоил и лебдел над мајката, а другиот отишол кај браќата и сестрите.
-Би сакала да мислам дека тоа беше неговата последна мисија, вели Џој Ганда Вибар -Аламарес од Филипините која го загубила својот син во декември минатата година.
На неговото бдеење малиот бел ковчег бил опкружен со бели балони полнети со хелиум. Додека Џој тивко плачела седејќи на клупа, еден од балоните почнал да се движи. Се одвоил од останатите балони и тргнал кон неа, при што цело време се задржал во близина на нејзината глава, а на крајот го гушнала и ја фатила врвцата во рака.
Подоцна еден од балоните кој бил во ходникот исто така почнал да се движи сам од себе и лебдел до браќата и сестрите на Треби. Џој и нејзиното семејство веруваат дека Треби на тој начин се простил од нив.