Македонија
Душица Брачиќ, најдобар дипломиран студент на ПМФ со просек 10
Душица Брачиќ дипломиран студент со просек 10 на Институтот за етнологија и антропологија беше прогласена за најдобар студент на Природно-математичкиот факултет про Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. ПМФ деновиве одбележа 78 години од основањето.
На свеченоста беа доделени признанија на двајца вработени што се пензионираа во 2024 година (Ратка Стојановска и Златко Костадиновски) и едно признание за непрекината 20-годишна работа на Факултетот на проф. д-р Свемир Горин.
Деканот на ПМФ, проф. д-р Даворин Трпески, ги промовираше новите 23 магистри и им врачи признанија на најдобрите студенти. Дополнително, на секој од институтите на факултетот беа доделени и дипломите на дипломираните студенти.
Извор:Umno.mk Фото: ПМФ