МакедонијаТоп

Детали за пукањето вечерва во Чаир, ранет е 35-годишен маж

Во 18.10 часот од ГОБ „Св.Н. Охридски“ во СВР Скопје е пријавено дека во болницата бил донесен повреден Е.А. (35) од Скопје, со прострелна рана во ногата, соопштија од МВР.

Повредениот бил донесен од страна на неговиот брат, кој појаснил дека додека Е.А. се движел пеш по ул.„Христијан Тодоровски-Карпош“ во Скопје му се приближило едно лице кое му пукало во ногата, најверојатно поради должничко-доверителни односи. Се преземаат мерки за расчистување на случајот стои во соопштението од МВР.

Поврзани вести

Back to top button