По канонизацијата на преподобномаченичката света Стефанида Битолско-Скадарска, српскиот патријарх Порфириј се обрати пред верниците во соборниот храм „Св. Вмч. Димитриј“, во Битола. Тој говорот го започна дека „ние сме едно тело и една крв, дека сме телото на Христос и негова црква“ во контекст дека нема да има проблеми верниците да го разберат српскиот јазик на тој говореше.
„Разликите не се дар за поделби, секако дека постојат и Македонец и Србин и Грк и Бугарин и Романец и Русин и Германец и Албанец и дека постојат многу народи. И тоа тоа што секој народ го добил од од Бог го добил како дар, како свој посебен печат, не за да се поддели, отцепи или затвори во себе“, изјави српскиот патријард порфириј.