(ФОТО) Доктор Даниловски предупредува: Мафијата не мирува не наседнувајте на оваа гнасна измама
Името на епидемиологот проф. д-р Драган Даниловски, за три месеци, три пати е злоупотребено во лажна реклама за продажба на чај, кој наводно ги прочистува крвните садови. Oвој пат веста е со наслов “Скандал на „Канал 5“ – познат македонски кардиолог беше удрен во лице во студиото на „Канал 5“ за откривање нов метод за чистење на крвните садови во секоја возраст!”
Заедно со лажното интервју, е објавена и фотографија на човек во болнички кревет со монтирана фотографија од докторот.
Докторот и овој пат ги демантира информациите од лажната реклама и алармира граѓаните да не наседнуваат на вакви одвратни измами!
„А П Е Л ДО ГРАЃАНИТЕ!
НЕ НАСЕДНУВАЈТЕ НА ОВАА ГНАСНА ИЗМАМА!
И покрај поднесената пријава до Основното јавно обвинителство, мафијата не мирува! Повторно ми го злоупотребуваат името за продажба на некаков чај!
Измислено е сѐ!
Ниту сум кардиолог, ниту сум дал било какво интервју, ниту сум тепан!”, стои во неговата изјава на социјалните мрежи.