Свет

СЗО прогласи вонредна состојба, цел свет загрозен!

Светската здравствена организација прогласи денеска вонредна ситуација поради брзото ширење на вирусот зика, што го пренесуваат комарци.

A health agent uses a new test kit that rapidly diagnoses three different mosquito-borne viruses in Sao Paulo, Brazil, January 18, 2016. Brazil said on Monday pregnant women should consult their doctors before traveling to the South American country but no other restrictions were necessary regarding the mosquito-borne Zika virus, eight months before the nation hosts the Olympic games. REUTERS/Rodrigo Paiva FOR EDITORIAL USE ONLY. NO RESALES. NO ARCHIVE.

СЗО соопшти дека вирусот зика претставува опасност за јавното здравје во светот и поради тоа е неопходен итен и единствен одговор. СЗО го стави во иста категорија, по однос на меѓународна загриженост, вирусот зика како и еболата.

Тоа беше соопштено по кризниот состанок на СЗО на кој експерти разгледуваа дали меѓународните напори со цел сузбивање на епидемијата треба итно да се засилат.

Во разговорите учествуваа 12 независни членови на комисија во која се експерти од областа на епидемиологија, јавно здравје и заразни болести од Северна и Јужна Америка, Европа, Азија и Африка.

Последен пат СЗО прогласи глобална вонредна состојба во 2014 година поради епидемијата на ебола. СЗО минатата недела соопшти дека вирусок зика „експлозивно се шири“.

Поврзани вести

Back to top button