Во Косово приведен Алил Демири, еден од убијците кај Смиљковското Езеро
Косовската полицијата, во соработка со македонската, денеска во Косово го лиши од слобода Алил Демири, еден од убијците виновни за масакрот кај Смиљковско Езеро. Според информациите на „Канал 5“, тој е приведен врз основа на издадена меѓународна потерница од македонското МВР, баран врз основа на наредба на Oсновниот суд Скопје I, за сторено кривично дело „Тероризам” предвидено по член 394 од Кривичен закон, во врска со петкратното грозоморно убиство кај Смиљковското Езеро.
Телевизијата, повикувајќи се на информации добиени од косовската полиција, известува дека Демири ќе биде изведен пред надлежен судија.
По масакрот на 12 април 2012 година, во Косово побегнаа Алил Демири и Африм Исмаиловиќ и досега Косово постојано одбиваше да ги екстрадитира во Македонија.