МакедонијаТоп

Силувано 15-годишно девојче во Дебар

Малолетничка е силувана во Дебар. Поточно полициски службеници лишиле од слобода 28-годишник, поради обљубa.

Се дознава дека девојчето било на 15-годишна возраст.

– Вчера во 19.00 часот, по претходна консултација со јавен обвинител, полициски службеници од ОВР Дебар го лишија од слобода Л.Р.(28) од Дебар. Тој се сомничи дека во неговиот дом извршил обљуба над малолетничка, изјави Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Поврзани вести

Back to top button