Македонија

Времето денеска, сончево со температури до 15 степени

Во Скопје времето ќе биде главно сончево со услови за слаба магла во утринскиот период. Температурата во главниот град ќе се движи во интервал од -3 до максимални 11 степени Целзиусови.

Сончево и релативно топло време за овој период од годината нè очекува денеска во земјава. Минималната температура ќе биде во интервал од -7 до 1 степен Целзиусов, а максималната ќе достигне од 8 до 15 степени.  

Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла или ниска облачност.

Во Скопје времето ќе биде главно сончево со услови за слаба магла во утринскиот период. Температурата во главниот град ќе се движи во интервал од -3 до максимални 11 степени Целзиусови.

Стабилното време ќе продолжи и во понеделник претпладне, а во текот на ноќта и во вторник ќе преовладува облачно време со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег, информира УХМР.

Во вторник ќе започне да дува умерен до засилен северен ветер поради што од попладне врнежите во западните делови и на крајниот исток од дожд ќе преминуваат во снег и на повисоките места.

Поврзани вести

Back to top button