Живот

Гувернерот на Бали ги теши туристите: Не се плашете од законот со кој се забранува вонбрачен секс

Индонезискиот Парламент минатата недела изгласа закон кој забранува и соживот на невенчани двојки. Во обид да не ги одврати посетителите, гувернерот на познатата туристичка дестинација Бали, Вајан Костер вчера соопшти дека новите мерки, кои стапуваат на сила за три години, можат да бидат спроведени дури по жалба на родители, сопружници или деца.

– Тие кои ќе го посетат или кои живеат на Бали не мора да се грижат поради стапувањето на сила на индонезискиот казнен закон. Властите на Бали ќе се погрижат „да нема проверка на брачниот статус при пријавување во кое било туристичко сместување, како што се хотели, вили, апартмани, куќи за гости, домови и бањи, рече Вајан.

Тој ги отфрли „лажните“ извештаи за откажувања на летови и хотелски резервации, велејќи дека податоците од туристичките агенции и авиокомпаниите покажуваат дека бројот на идни посетители меѓу декември 2022 и март 2023 година е зголемен. Бали е центар на индонезискиот туризам и се обидува да ги врати бројките на туристи што ги имаше пред почетокот на пандемијата, со цел до 2025 година да има шест милиони посетители.

Фото википедија

Поврзани вести

Види и...
Close
Back to top button