Свет

Бројот на силувани жени во Германија е многу повисок

Бројот на сексуално нападнати жени за новогодишната ноќ во Германија е далеку поголем од првичните бројки кои покажаа стотина напади. Според проследните анализи на германската полиција само во градот Келн имало 821 сексуални напади и кражби кои што биле наравени од групи странци со „арапски и северно африкански“ изглед.

Сексуални напади се пријавени во 12 од вкупно 16 германски покраини. Во Хамбург се пријавени над 200 инциденти, во Хесе 31, во Баварија 27, во Баден Виртенберг 25, во Бремен 11 и во Берлин шест.

Феноменот на сексуално насилство делумно поврзан со грабежи е многу поголем од првичните сознанија, пишува весникот „Зидојче цајтунг“ кој што ги објавува точните бројки на нападите добиени од федералната криминалистичка полиција.

Сексуалните напади дополнително ја поларизираа Германија и го зголемија анимозитетот кон политиката на отворени врати кон бегалците промовирана од канцеларката Меркел пред регионалните избори кои што годинава треба да се одржат во неколку германски покраини. Според весникот Меркел и нејзината партија може да бидат казнети од гласачите за приемот на над еден милион бегалци во земјата во 2015 година.

Оваа состојба се обидува да ја искористи и крајната десница чиј што претставник Беатрикс фон Сторк, член на раководството на анти – ЕУ и анти емигрантската партија Алтернатива за Германија (АФД) директно ја обвини Меркел за уништување на Германија како ниеден друг лидер од втората светска војна.

„Меркел ќе мора да замине во егзил во Чиле или на друго место во Јужна Америка поради тоа што и го стори на земјата“ вели Сторк која што смета дека канцеларката ќе мора да замине од земјата поради безбедносни причини кога ќе и заврши мандатот.

Поврзани вести

Back to top button