„Летечкиот автомобил“ направен од кинескиот производител на електронски возила Xpeng го направи својот прв јавен лет во Обединетите Арапски Емирати.
X2 е електричен авион за вертикално полетување и слетување со две седишта кој се крева со осум пропелери – по два во секој агол на возилото.
Производителот го опиша беспилотниот 90-минутен тест лет во Дубаи во понеделникот како „важна база за следната генерација на летечки автомобили“.
„Одиме чекор по чекор кон меѓународниот пазар“, изјави Мингуан Киу, генерален директор на кинеската компанија.
Тој рече дека Дубаи е избран бидејќи е еден од најиновативните градови во светот.