РелигијаТоп

Кирил Пејчновиќ станува светец, верниците ќе имаат можност да се поклонат на неговите мошти за време на канонизацијата

Во рамки на Литургијата на која ќе се изврши прогласувањето за светец на македонскиот прередобеник Кирил Пејчиновиќ верниците ќе имаат можност да се поклонат на моштите.

Канонизацијата ќе се одржи наредниот викенд 16 октомври во Соборниот храм ,,Св. Кирил и Методиј” во Тетово, со почеток во 8.30 часот, кога ќе се отслужи света Божествена литургија, со која ќе чиноначалствува Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, во сослужение на архијереите и свештенослужители од епархиите на МПЦ-ОА.

На Литургијата ден претходно на 15 октомври во Лешочкиот манастир „Свети Атанасиј Велики”, ќе биде отслужена Вечерна служба со почеток во 17 часот.

– Ова е чин со историско значење, дело кое, со Божјата помош и по застапништвото на преподобниот, ќе донесе духовни плодови за нашиот народ и нашата Црква, а воедно претставува и несекојдневен дел од црковната традиција, кој е душеполезно да се посведочи со личното присуство. Тетово и Полошкиот регион, но и нашиот верен народ низ татковината и светот, добиваат уште еден молитвен покровител, принесувајќи му дар и на соборното Православие, а во слава на Бога. Нека е на многу години – велат од Тетовско-гостиварската православна епархија.

Епархијата ги известува граѓаните и верниците дека на 16 октомври, во центарот на Тетово и во пределот околу соборниот храм „Св. Кирил и Методиј“, ќе биде воспоставен посебен сообраќаен и безбедносен режим.

Поврзани вести

Back to top button