Религија

Заедничка хуманитарна акција на црквите и верските заедници во соработка со КОВЗРГ

Заедничка хуманитарна акција на црквите и верските заедници во соработка со Комисијата за односи со верските заедници денеска се одржа во Скопје.

-Претставници на хуманитарните организации на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, Исламската верска заедница, Католичката црква и Евангелската црква заедно со директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ) посетија социјално ранливи семејства во Скопскиот регион и донираа храна, хигиенски средства и топол разговор за утеха и охрабрување на граѓаните кои се соочуваат со предизвиците кои ги наметнуваат актуелните кризи, информираат од Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи.

Организаторите на акцијата сакаат да испратат и порака дека во вакво кризно време потребна ни е заеднички изразена солидарност, заедништво, сочувствителност.

-Иако верувањата ни се различни, припаѓаме на различни народи, говориме различни јазици, на сите заедничко ни е што сме луѓе, а тоа се согледува по нашата човечност, истакнуваат од КОВЗРГ.

Поврзани вести

Back to top button