Хадис Наџафи, девојка од Иран, стана еден од симболите на борбата против угнетувањето на жените во Иран, откако беше брутално убиена од полицијата за време на протестот на улиците на Карај, каде што голем број луѓе се собраа да ја изразaт својата огорченост поради смртта на Махса Амини.
Безбедносните сили испукале шест истрели во Наџаф. 20-годишна девојка се здобила со прострелни рани во градите, лицето и вратот, јавуваат медиумите.
На социјалните мрежи кружи видео на Хадис Наџафи како ја врзува косата во реп додека се подготвува да им се придружи на демонстрантите. После тоа таа била застрелана.
Нејзиниот симболичен потег стана нов симбол на страдањето во борбата за слобода на жената во Иран.
Оваа 20-годишна девојка која се подготвуваше да се приклучи на протестот поради убиството на Махса Амини.
Бруталното убиство на Хадис Наџафи се случи неколку дена откако Махса Амини (22) беше претепан до смрт од иранската полиција за морал, бидејќи не ги почитуваше строгите правила за хиџаб во земјата.
This 20 Yr old girl who was getting ready to join the protest against the murdering of #MahsaAmini got killed by 6 bullets.#HadisNajafi, 20، was shot in the chest, face and neck by Islamic Republic’s security forces.
Be our voice.#مهسا_امینیpic.twitter.com/NnJX6kufNW— Masih Alinejad 🏳️ (@AlinejadMasih) September 25, 2022