Некои срцеви удари се ненадејни и интензивни, но многу почнуваат бавно, со блага болка или непријатност. Обрнете внимание и побарајте помош доколку ги почувствувате некои симптоми.
Непријатно чувство во градите: Многу срцеви напади вклучуваат и чувство на непријатност во градите, кое трае повеќе од неколку минути или може да исчезне, а потоа повторно да се појави. Тоа вклучува чувство на непријатен притисок, стискање или болка.
Непријатност во горниот дел од телото: Симптомите може да вклучуваат болка или непријатност во едната или двете раце, грбот, вратот, вилицата или стомакот, пишува „Харт.орг“.
Скратен здив: Скратениот здив може, но и не мора да биде придружен со непријатност во градите.
Други знаци: Вклучуваат ладна пот, гадење или вртоглавица.
Симптомите се разликуваат кај жените и кај мажите. Како и кај мажите, најчестиот симптом на срцев удар кај жените е болка во градите (ангина) или непријатност. Но жените имаат малку поголема веројатност од мажите да искусат некои од другите вообичаени симптоми, особено отежнато дишење, гадење/повраќање и болки во грбот или вилицата.
Научете да ги препознавате знаците на срцев удар и не заборавајте дека дури и да не сте сигурни дека се работи за инфаркт, треба да се консултирате со лекар, бидејќи во овој случај минутите се многу важни и можат да ви го спасат животот.