Македонија

На денешен ден од подметнати мини загинаа 8 бранители на Македонија

На 10 август 2001 година, воено товарно возило на Армијата на Република Македонија, на патот кај месноста Љуботенски бачила во Скопско, нагази на две противтенковски мини.

Животот го загубија Томе Бадаровски, Гоце Чанкуловски, Бранко Јанев, Томислав Настевски, Марјанчо Бошковски, Ивица Златевски, Томе Димовски и Раде Јанковски.

Сите беа припадници на резервниот состав на АРМ од гарнизонот Скопје кои се бореа против албанските терористи на ОНА.

Поврзани вести

Back to top button