Македонија

Нов „експерт“: Македонците постојат од 1944 година, тие што го сакаат Путин се канцер, Белград е виновен затоа што нема договор со Бугарија

Благојче Атанасовски е дел од неколкуте македонски политичари, аналитичари кој неаргументирано и со фашистички наратив за сите зла кои се случуваат во Македонија ја обвинуваат Србија. Па така иако е веќе познато дека Македонија за време на конфликтот во 2001 година беше нападната од Косовскиот заштитен корпус односно УЧК, тој упорно тврди дека таа војна била предизвикана од Белград.

Белград бил виновен и затоа што немало договор со Бугарија а Македонците требало да прифатат дека постојат од 1944 година.

„Само доколку, денешните бугарски политичари, научници, историчари, и самиот бугарски народ ја прифатат денешната реалност-дека постои и суштествува независна македонска држава и македонски народ, и само доколку македонските интелектуалци, историчари, политичари и македонскиот народ, ја прифати историската вистина, дека македонската политичка нација е создадена во 1944 година, како сплет на геополитичките околности и услови, и дека пред тоа историските дејци, револуционери, интелектуалци и учени, се тесно поврзани и испреплетени со бугарското национално ткиво, ние можеме да се најдеме на половина пат и да разговараме како два цивилизирани соседи, кои ќе ги уредат своите односи и ќе тргнат кон патот на соработката“, ќе напише Атанасовски за Трибуна.мк.

Според него оние кои го сакаат Путин се канцер на македонското општество.

„Македоноидот денеска е душевно болно суштество, кое најчесто поради незадоволството од својот материјален статус, аплицира за неговата светост; бугарскиот пасош, каде што под присила ги „признава своите бугарски корени“, а изворно и душевно ја мрази мајка Бугарија, потоа се сели да живее и работи во некоја од богатите западноевропски или прекуокеански развиени земји, а го мрази Западот во неговата културолошка и политичка форма, и во актуелната руско-украинска „криза“, навива отворено за Путин и се исполнува. А сите вие, кои при овие аргументирани факти, состојби, информации и настани, пак навивате за Путин и неговата злосторничка против човештвото политика, сте канцерот на Македонија. А сите вие, кои при овие аргументирани факти, состојби, информации и настани, пак навивате за Путин и неговата злосторничка против човештвото политика, сте канцерот на Македонија“, пишува Атанасовски за порталот „Мк денес“.

Истовремено Атанасовски, во гостувањето кај Сашо Орданоски во Слободен Печат ја обвини српската длабока држава режим во Македонија и за одбивањето на Македонија да ги прифати барањата прво на Грција, а сега и на Бугарија, за кои вели дека треба да се прифатат за побргу да станеме членка на НАТО.

Поврзани вести

Back to top button