На Фејсбук се појави видеоснимка од врвот на планината Атос, односно Света Гора, за која се тврди дека се појавува Пресвета Богородица.
Околу фигурата за која се претпоставува дека е Божјата Мајка, со засилува светлина во форма на круг, и како што видеото се повлекува таа се појасно се гледа. Се гледа нејзиното движење, кое потсетува на кадење со кандилце.
Инаку, преданијата велат дека Богородица ја открила Света Гора, ја благословила и одредила да биде свето место на кое изолирани ќе живеат монаси посветени на молитви и дека на тоа место нема да доаѓаат жени.