Македонија

Инцидент во Собрание, пратеници се бркаа за микрофонот, Џафери повика обезбедување (Видео)

Во Собранието денеска имаше мал инцидент, откако координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, одби да се врати на своето место и упорно стоеше во близина на пратеничката на СДСМ, Даниела Маркоска, поради тоа што претседателот на Собранието Талат Џафери не му даде процедурално обраќање.

За тоа време, пратениците од опозицијата тропаа на клупите. За да не ѝ го земе микрофонот, пратеничката Марковска со него шеташе низ салата.

А Џафери го повика собраниското обезбедување и даде пауза.

Поврзани вести

Back to top button