Жители на Гази Баба со апел до Георгиевски: Охрабри се, запри ја масовната епидемија на дивоградби
Загрижени жители од Општина Гази Баба испраќаат апел до градоначалникот Борис Георгиевски да реагира и да не подлегнува пред масовната епидемија на дивоградби во Ченто.
-Георгиевски да излезе на браникот на државата и да не подлегнува на притисокот кој му го прават неколку локални моќници во населбата Ченто за да замижи пред нивните градежни активности кои ги прават на улицата Радован Ковачевич и од лево и од десно, на околу 700 метра од последна 45 ка автобуска до местото викано Економија по стариот пат за Куманово. Се гради без никакви градежни дозволи на места на кои според ДУП от смее да се градат само семејни куќи, велат во соопштението до медиумите граѓаните.
Тие посочуваат дека сега ќе градат деловни објекти вон габарити и маркици.
-Ние секој ден гледаме дека тој упатува градежни инспектори на местата каде се гради, сликаат, прават записници но и покрај тоа градежните активности не запираат, велат граѓаните.