МистерииТоп

Нашата галаксија има повеќе од 300 милиони населиви планети

Вселенскиот телескоп Кеплер минал девет години барајќи планети на кои би можело да се живее и успешно лоцирал повеќе илјади егзопланети во нашата галаксија, пред да остане без гориво во 2018-та година.

Меѓутоа, останало прашањето – колку од тие планети се населиви, пренесува “CNN”.

Астрофизичарите собирале податоци од Келпер со години и веруваат дека нашле одговор, а според истражувањата кои се појавиле во “Астрономски журнал”, во Млечниот пат постојат околу 300 милиони потенцијално населиви планети, што значи дека станува збор за цврсти планети на кои има вода

Тоа би можело да биде само груба проценка, а не е невозможно да постојат многу повеќе од 300 милиони населиви планети, соопштила НАСА во најновиот билтен.

Некои до населивите планети би можеле да бидат оддалечени на околу 20 светлосни години.

“Кеплер веќе ни покажа дека постојат милијарди планети во нашата галаксија, а сега знаме дека добар дел од тие планети би можеле да бидат населиви” , рекол истражувачот на НАСА, Стив Брајсон.

 

Поврзани вести

Back to top button