Македонија
Скопјанец тешко повреден откако се обидел да спречи насилник кој со нож се заканувал
Во претпладневните часови на 15 август во скопската полиција било пријавено дека во угостителски објект на улицата „Втора македонска бригада“, 32-годишен скопјанец со остар предмет се заканувал на вработениот и на гостите.
Според пријавеното, 55-годишен скопјанец, гостин во објектот, се обидел да го запре насилникот, но бил нападнат со остар предмет од друг гостин, при што се здобил со тешка повреда и веднаш бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Полицијата работи на расчистување на случајот.