Македонија

МВР: Автомобилот кој изгоре во скопско Ново Лисиче се самозапалил

Автомобилот „Сеат алтеа“ кој пред неколку дена изгоре на паркинг во скопската населба Ново Лисиче, се самозапалил, утврдила полицијата по спроведена истрага. Во пожарот кој се случи на 9 август на булеварот „АСНОМ“, целосно изгоре „сеат алтеата“, а огнот зафати и уште две возила паркирани до него, „фиат пунто“ и „мерцедес Е 270“.

Од МВР соопштуваат дека полицајците од Единицата за насилен криминал извршиле разговори и преглед на безбедносна камера, на која се гледало како автомобилот се самозапалил. Огнот почнал да се шири, а триесет и петгодишниот сопственик се обидувал да го изгасне. Но, кога ја отворил една од вратите, пламенот почнал да се шири многу брзо, ја зафатил внатрешноста на возилото и другите два автомобили.

Пожарот го изгаснаа од Противпожарната бригада Скопје. По насоки на Јавен обвинител настанот е расчистен и квалфикуван како „пожар“.

Поврзани вести

Back to top button