Свет

Најбараниот српски мафијаш: Жив не се предавам

Родољуб Радуловиќ, познат како Миша Банана, според информациите на тајните служби се крие во Јужна Америка. Радуловиќ, преку семејството неодамна порачал дека нема намера да се предаде.

misa banana

“Жив нема да се предадам. Не размислувам за предавање, ниту пак некогаш ќе го направам тоа. Јас не им верувам на надлежните органи во Србија, дека ќе имам фер и чесно судењето”, порачал Радуловиќ.
Тој ја испратил оваа порака преку семејството, велат извори од разузнавачките служби:
“, Радуловиќ, спореда некои оперативни податоци до средината на 2015 година, сигурно бил во Јужна Америка. Ние претпоставуваме дека се уште се крие таму и дека го штитат истите луѓе кои го заштитуваа Дарко Шариќ, и му дадоа нов идентитет и изглед. Оперативци на една тајна служба разговарале со неговото семејство, но тие одбиле секаква соработка “, вели извор близок до безбедносните структури.
Потсетуваме, Радуловиќ во отсуство е осуден на 11,5 години затвор за учество во шверц на кокаин во групата на Дарко Шариќ, кој пак, во меѓу време поднесе жалба до Специјалниот суд во Белград, која се уште се разгледува.

Поврзани вести

Back to top button