Жителите на овој остров 60.000 години живеат во изолација, а доколку некој им се приближи, завршува фатално
Oстровот Северен Сентинел, во Бангалскиот залив е едно од последните нецивилизирани места на светот и сè уште не успелао да воспостави никаков контакт со надворешниот свет.
Сите кои што ќе се обидат да го истражат овој остров, веднаш ќе бидат нападнати, како што досега било случај, па убиени, па поради тоа индиската влада го прогласила за забранета зона – делот кој зафаќа околу 5 километри околу островот.
Во јануари 2006-та година биле убиени двајца рибари кои што откако водата го потопила нивниот чамец, успеале некако да излезат на површината од островот. Хеликоптерот од индиската крајбрежна стража бил спречен во обидот да ги преземе телата…
На 2-ри август 1981-та година бродот „Primros“ застанал на гребен на островот. За кратко време посадата забележала луѓе кои што носеле копја на крајбрежјето од островот, лакови и стрели и тргнале кон нив со чамецот.
Капетанот од бродот побарал веднаш да му испратат оружје, но не го добиле. За среќа, немирното море ги задржало луѓето да не можат да стигнат до бродот, па така биле спасени со хеликоптер.
По земјотресот во 2004-та година, индиската влада испратила хеликоптер за да ја провери ситуацијата на островот. Околните острови биле многу погодени од земјотресот, но Северен Сентинел очигледно дека бил поштеден.
Се верува дека на островот живеат од 50 до 400 жители, кои што веќе 60.000 години наназад живеат во самоизолација.
Густите крошни на дрвјата го отежнуваат набљудувањето на островот од воздух, но врз основа на податоците, се претпоставува дека таму тие живеат од лов и риболов, како и од собирање плодови…