Македонија

Арачиновец со девојка во „голф“ бегале, па полицијата пукала за да ги запре

На 06.04.2020 во 18.30 часот на мост кон улица Лука Геров во Скопје полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Ф.Х.(20) од с.Арачиново, скопско, и В.М.(18) од с.Чајлане, скопско.

Двајцата биле уапсени бидејќи претходно на булавар Ѓорче Петров при обид од полициските службеници за сопирање на автомобилот „голф“, што го управувал Ф.Х., во кој сопатничка била В.М., истото не застанало. При апсењето полицајците со предупредувачки истрел во воздух го сопреле возилото.

По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Поврзани вести

Back to top button