Македонија

Тројца новозаразени со коронавирус

Министерството за здравство вечерва информира дека од осумте тестирани пациенти на коронавирус попладнево, тројцата членови на семејството на сопружниците од дебарско се позитивни, а останатите петмина се негативни на коронавирусот.

-Позитивните пациенти, од петокот, 6 март, беа во домашна изолација со решение за ДСЗИ, а од вечерва ќе бидат хоспитализирани и лекувани на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, наведуваат од Министерството за здравство.

На коронавирус се негативни: лицето кое на 26-ти минатиот месец престојувало во Бугарија, неговата сопруга, патникот од Сингапур, наш државјанин кој пред три дена се вратил во земјава, едно лице од Гевгелија и едно од Дебар.

Со потврдувањето на трите нови случаи бројката на инфицирани со коронавирус се искачи на седум. Покрај двајцата сопружници од Дебарско и педесетгодишната жена која беше прв потврден случај на коронавирус, директорката на Клиниката за кожни болести Нина Цаца Билјановска беше четвртиот потврден случај заболен од коронавирусот во земјава. Таа пред една недела допатувала од Италија и изминатите пет дена редовно одела на работа. На сите лица кои имале примарен контакт со директорка на Клиниката за кожни болести, заболена од коронавирус, им е одредена мерка домашна изолација. Клиниката ќе биде времено затворена и дезинфицирана, информираше на денешната прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.

Поврзани вести

Back to top button