Македонија

Скандалозно: Вооружени ученици во скопско училиште пљачкаат, дивеат и сејат страв, институциите немоќни!

Група од седум ученици од деветто одделение во основното училиште „Петар Здравковски-Пенко“ сее страв кај другите ученици. Загрижени родители за Алсат раскажуваат дека нивните деца не сакаат да одат на училиште. Дознаваме дека двајца од 7-те најпроблематични ученици додека се на училиште носат ладно оружје, односно ножеви, па дури и електрошокови. Тие им се заканувале и на наставниците, а им се закануваат и на помалите за време на одморите барајќи од нив да им дадат пари. Ова го потврдуваат и некои ученици, пренесува телевизијата  АЛСАТ.

Новинар: Колку пари им зема на децата за време на паузата?

Ученик: Да ви кажам право, бара од нас, но никогаш не му даваме.

Новинар: Можеби на помалите им бара?

Ученик:  Да, по 300 денари успева да изнуди за време на паузата.

Новинар: Дали дојде на училиште денеска?

Ученик: Да. Доаѓа без пари, си оди со пари.

Новинар: И колку пријатели се тие?

Ученик: Двајца.

Сето ова, според извори на Алсат, се случува по ходниците и во дворот на училиштето, практично пред очите на приватното обезбедување платено со пари на родителите. За случајот е известено и раководството. Директорот на училиштето, Енис Мехмеди, вели дека првата жалба ја добил вчера. Но, тоа е во спротивност со она што некои загрижени родители го тврдат за Алсат, односно дека неколкупати го известиле директорот бидејќи овој проблем постоел веќе околу две години. Директорот вели дека сè ќе се решело најдоцна следната недела. Според него, двајцата проблематични ученици не биле денес во училиште, но дел од децата го тврдат спротивното. Директорот првично негираше и дека двајца ученици со себе носат ладно оружје, но потоа врече дека веројатно добро го кријат.

Енис Мехмеди – директор на ОУ „Пенко„
Ние како институција веќе ја започнавме постапката денес, родителите во понеделник, а потоа согласно законот.

П: Дали сте контактирале со родителите на децата?

О: Дежурните се обиделе да контактираат, но не реагираат. И јас како директор и ние како наставници ако не се жали некој, не знаеме дека има проблеми.

П: Како се осмелува еден ученик да внесе електрошок или нож во училиште?

О: Видете сега, ние вршиме контрола, обично во понеделник.

П: Значи, обезбедувањето нема право да ги отвора чантите? Дежурните не доаѓаат сабајле?

О: Доаѓаат, ама тие исто така знаат како да ги скријат тие работи, а не можеме да го пребаруваме телото на децата, затоа што тие се малолетни, затоа што ако родителот се пожали, тоа ќе оди во други инстанци.

Алсат обезбеди и други снимки на кои се гледаат проблематични ученици како прават вистински неред низ ходниците. Откако насилно ги отстрануваат завесите од ѕидот, ги користат за скокање и за забава со други ученици.

Сето ова се случувало во време кога во училиштето имало наставници, обезбедување, но и раководителите кои се чини не преземале ништо за да го спречат.

Од Министерството за внатрешни работи велат дека досега не е пријавен ваков случај.

 Агим Нухиу – заменик министер за внатрешни работи
„Не можам точно да кажам дали има пријава до Министерството за внатрешни работи од страна на директорот, но како Сектор за внатрешни работи во Скопје со посебен акцент ги следиме овие појави во овој последен период и преземаме превентивни и репресивни мерки.“

Од Министерството за образование сè уште немаме добиено одговор дали се запознаени со овој случај. Инаку, пред околу две години во основното училиште „Петар-Здравковски-Пенко“ дете беше прободено со нож од негов врсник.

Пиодготви: Еви Шкопи за телевизија АЛСАТ

Поврзани вести

Back to top button