Македонија
Кражба на дрзок начин на Камениот мост: Сакал да помогне, па му ги украле сите пари
На 07.02.2020 во Полициската станица Центар И.Ч.(41) од Гостивар, пријавил дека на Камениот мост, од непознато лице извршена му била тешка кражба на дрзок начин и одземени пари.
Имено тешката кражба на дрзок начин била извршена на тој начин што откако пријавителот го извадил паричникот со цел да му даде пари на лице кое било на Камениот мост и имало некаков проблем, кон него се доближиле неколку непознати лица и едно од нив насилно му ги одзело парите, по што го напуштиле местото на настанот.
Се работи на расчистување на случајот.