Македонија

Горан Јосифовски-Џемо го фати осветениот крст во Тетово

Триесет и деветгодишниот Горан Јосифовски-Џемо го фати осветениот крст на празнувањето на денешниот празник Богојавление Водици во соборниот храм Свети Кирил и Методиј во Тетово. По осветениот крст освен Горан во црковниот базен скокаа и Бојан Апосотоловски и Васко Апостоловски.

-За прв пат скокам по крстот и оваа година јас го фатив. Очекувам, радост , среќа, здравје и победа, изјави Јосифовски, оженет и татко на две деца.

Од црковниот одбор Јосифовски доби телевизор, икона и примерок на Светото писмо. Претходно празнична архиерејска литургија отслужи митрополитот тетовско-гостиварски г. Јосиф, а во дворот изврши чин на водосвет и спуштање на осветениот крст.

На празнувањето во Тетово присуствуваа министерот за внатрешни работи Наќе Чулев и пратеникот Владимир Ѓорчев.

Поврзани вести

Back to top button