Македонија

Приведен педофил во Виница

На 31.12.2019 во 15.40 часот на ул.„Димитар Осоговски“ во Виница полициски службеници го лишиле од слобода Л.И.(66) од Виница, постапувајќи по претходна пријава за постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „полов напад врз малолетно лице кое не наполнило 14 години“. За настанот е известен Јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициска станица Виница. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Поврзани вести

Back to top button