Живот

Најромантичната и најтажната приказна за хрватските штркови што се случи во 2019 година: Клепетан и Малена

Ова се Клепетан и Малена. Клепетан е штрк мажјак кој 17 години лета од Јужна Африка до Хрватска за да биде со својата сакана Малена, женка која не може да лета откако некој ловец ја погодил со пушка. Таа живее во куќата на еден пензионер додека да дојде Клепетан, а потоа заедно го минуваат летото во гнездото на кровот. Заедно имале преку 60 бебиња.

Прекрасната љубовна приказна за Клепетан и Малена ова лето имаше свој тажен завршеток.

Иако Клепетан оваа пролет се врати на 18 март, многу порано од вообичаено, набрзо пристигнаа тажните вести за него.

Имено, во гнездото на Малена оваа година ја немаше вообичаената идила изминатите 16 години. Оваа година немаше млади пилиња. Било студено и јајцата смрзнале. Пензионерот Стјепан кој се грижи за Малена, објасни дека неговиот Клепо (како што од милост го нарекува) оваа година дошол стар и многу болен.

Некаде околу средината на април ја напуштил Малена и исчезнал без траг. Тоа било обичај за овие птици пред да умрат. Четири нивни роднини долетале и 3-4 часа тажно пееле. Тогаш знаев дека Клепо заминал да умре. Знаете како велат, дека птиците умираат пеејќи”, раскажува Вокиќ. Одел наоколу и го барал штркот, но попусто.

МАЛЕНА ТАГУВА

Малена отхрани 66 малечки, а тоа е доста за една мајка. Многу сум поврзан за неа. Не одам никаде, секогаш се грижам за неа.

Се сомневам дека напролет ќе прими нов партнер. Не знам, ќе видиме… Малена и натаму има додворувачи, но таа веднаш ги протерува” – вели Вокиќ.

Експертите сметаат дека Малена со текот на времето ќе го преболи Клепетан кое би требало да трае една година, а потоа дека ќе најде нов партнер и повторно ќе биде среќна.

МАЛЕНА И КЛЕПЕТАН: 5 најубави моменти во историјата на вечната љубов помеѓу хрватските штркови

Малена и Клепетан секоја година пишуваат преубава љубовна приказна за Хрватските штркови. Оваа приказна трае веќе 17 години и секоја година носи нова сага за нивната љубов.

Пред 26 години Малена го скршила крилото откако некој ловец сакал да ја залови, и оттогаш не може да лета на југ. Стјепан Вокиќ, на чиј кров се наоѓа гнездото на Малена и Клепетан, се грижи за неа додека го нема Клепетан. Клепетан секоја година минува преку 14 илјади километри за да се врати кај својата Малена.

Ова се 5 најубави моменти во историјата на нивната вечна љубовна бајка:
1.Малена и Клепетан на свет донеле преку 60 потомци

За тоа време преживеале многу разделби и повторни средби. Секоја година Клепетан заминува далеку од гнездото и бара храна за своите малечки.

“Секогаш се радувам кои моите штркови ќе добијат потомци. Сега се многу грижливи кон нив и не смеам да ги допирам, зошто може да ме удрат”- вели Стјепан кој се грижи за нив.

2.Клепетан се враќа секоја година

Клепетан обично доаѓа 24 март, но секоја година неговото доцнење ја загрижува целата Хрватска јавност. Без разлика на неговото доцнење секоја година, лажна тревога никогаш нема. Најмногу што доцнеше се 28 денови, додека обично доцнел по една седмица.

“Клепетан лета многу далечна релација, тој е последен во групата. Инаку првите десет години доаѓаше на точен датум, секогаш во исто време, но сега го успорува сушата во Јемен” – додава Стјепан.

3.Клепетан љубоморно ја штити својата сакана

14 илјади километри и одвоеност од 6 месеци не е мала работа. Малена секоја година му беше верна додека не се случи еден ден во нејзиното гнездо да долета нов штрк. Тогаш Клепетан доцнеше 18 дена и Малена се снајде пред неговото пристигнување. Бидејќи нивната љубов се следи во живо во хрватска, јавноста можеше да види како Малена се мази со друг мажјак на кој дури му понудила вода и храна.

Кога Клепетан се вратил не бил многу среќен со она што го затекнал. Реагирал на другиот мажјак и ја одбранил својата гордост и својата сакана. Ги исфрлил нејзините јајца и покажал дека само нему му е местото покрај Малена.

“Како да ви опишам колку ми е драго, колку се грижев што Клепетан сè уште не е вратен. Толку сум сега среќен што го гледам. Тие двајцата сега ќе го преуредат своето гнездо по свое, а мене ме чекаат вообичаените обврски да им уловам риба и друга храна, зошто Клепетан ќе треба да закрепне . Изјавил Стјепан Вокиќ пред две години.

4.Приказната за Малена и Клепетан на многумина им била инспирација за која добиле престижни награди

Приказната за овие штркови во слопот на кампањата “Јана, вода со љубовна порака” го освоила бронзениот лав на Cannes Lions, најважниот светски фестивал за креативно огласување.

Покрај тоа, приказната за Малена и Клепетан им донесе сребрена награда на меѓународниот натпревар Epic Awards.

5.Малена и Клепетан се споредуваат со некои љубовни приказни што им се случиле на луѓето

Љубовта која трае веќе 17 години не е мала работа. На хрватската и пошироката јавност таа им дава надеж дека сепак љубовта постои. Љубомората на Клепетан е исто така поврзана со вистински приказни, па во јавноста се поставува прашањето: Дали тој е херој или злосторник зошто ги уништил јајцата на љубовникот. Јавноста е поделена по ова прашање. Додека едни се пресреќни поради неговата љубов кон Малена, други сметаат дека е насилен и претерано заштитнички настроен.

Како и да е, останува да видиме како Малена ќе ја преброди неговата загуба и дали ќе си најде нова љубов во животот.

Поврзани вести

Види и...
Close
Back to top button