Македонија

Неколку часа пред пукањето, во Александар Палас повикани Алфите

Два дена по пукотниците во скопскиот хотел, полицијата сѐ уште трага по вооружената група која влета во ресторанот на Александар Палас и почна рафално да пука. Од престрелката повредени нема, но нема ниту одговори. Алсат дознава дека три часа пред престрелката од хотелот биле повикани припадници на Алфите, пренесува телевизијата Алсат.

Асистенција од полицијата побарал менаџментот на хотелот откако групата гости кои седеле во ресторанот, а во кои потоа ќе се пука, правеле многу врева. Тие биле само легитимирани од полицијата, која потоа заминала. Истата група, половина час по полноќ ќе биде нападната со истрели од автоматска пушка и пиштоли. На истрелите ќе возврати полицаецот кој бил дел од групата во ресторанот и ќе истрела 11 куршуми со службениот пиштол. Полицијата соопшти дека во ресторанот биле 5 лица на возраст од 20 до 40 години но одби да даде повеќе детали – околу нивниот идентитет, од каде се – и најважното дали биле сослушани и дали ги препознале напаѓачите кои биле со маски на главата.

И додека од полиција велат дека за да не и наштетат на истрагата не споделуваат информации до каде е, јавноста се прашува до кој степен е нарушена безбедноста во градот кога вооружени маскирани лица можат да влезат во луксузен хотел во кој престојуваат домашни и странски гости.

Повеќе на Алсат

Поврзани вести

Back to top button