Живот

Што треба да правиме во случај на земјотрес

Разорен земјотрес ја стресе Албанија од 6.4 степени според Рихтер, однесе 18 животи, а повредени се 600 лица.

Потресот кој предизвика паника, се почувствува и во Македонија и го крена Балканот на нозе.

Ова треба да го знаете при земјотрес:

Ако земјотресот се случил во текот на ноќта, и вие се наоѓате во целосна темнина, не брзајте да запалите свеќа или запалка. Ако имате батерија, тогаш искористете ја неа. Ако немате други извори на светлина, тогаш прво почекајте, помирисајте да не има истечено гас или бензин или некое друго експлозивно средство, и после користете запалка. Во спротивно, можете да предизвикате експлозија, пожар или други некои последици кои ќе предизвикаат нови жртви.

Потрудете се, доколку е можно, да ја затворите боцата со гас, ако имате таква, и исклучете ги водата и струјата.

Ако имате можност, облечете чевли со тврд ѓон за да не се повредите од скрешните стакла и делови од циглите или други остри предмети кои паѓале.

Ако има пукнати оџаци или некој друг вградени печки на цврсто гориво, во никој случај немој да палите оган за да не предизвикате пожар.

Поврзани вести

Back to top button